Европскиот парламент ја усвои резолуцијата против изградба на гасоводот „Јужен поток“, пренесува Бугарското национално радио. Резолуцијата што нема обврзувачки туку советодавен карактер, е поради рускиот притисок врз Украина, како и за мерките што треба да ги преземе Европската Унија против Русија.
Со резолуцијата ЕП повикува на проширување на индивидуалните санкции кон високи руски претставници, како и подготвеност за итно воведување на заеднички економски санкции. Има и повик за мерки против руските компании и нивните подружници во Унијата, особено во секторот на енергетиката.