Насловна / Архитектура / Кула со балкони кои танцуваат

Кула со балкони кои танцуваат

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/arhitektura/131_statija1-1.jpgЧикашкиот солитер „Аqua“ е избран за
најубав облакодер во 2009 година во
анкетата на германската банка за
податоци за недвижности „Емпорис“.
Експертите на „Емпорис“ им доделија
награда на архитектите на облакодерот за
достигнување во дизајнот и смелоста на
архитектонското решение, објавија агенциите.

Организаторите на конкурсот велат дека
облакодерот што има 81 кат, внесува нови
стандарди во конструирањето на високите
станбени згради. И покрај невообичаениот дизајн,
катовите со брановидна форма што потсетуваат
на вода, оваа повеќекатница е интегрирана во
панорамата на Чикаго.

„Оддалеку зградата изгледа многу раскошно.
Кога ја посматрате од близина ќе ги забележите
нејзините необични „водни“ црти кои ги
импресионираат минувачите, запирајќи им го
здивот“, вели директорот на „Емпорис“ Даниел
Кикхефер.

 

Сребрен медал за убавина меѓу високите
градби „Емпорис“ и додели на кулата „О-14“ во
Дубаи, а бронзен на станбениот комплекс „Мет “
во Бангкок.
Наградата за високоградба „Emporis Awards“ се
доделува секоја година, врз основа на податоците
за недвижности од целиот свет.
„Аqua“ е петти највисок облакодер во светот.

 

Пред три години, после едно предавање на Frank
Gehry во Чикаго, Jeanne Gang се сретнала со
James R. Loewenberg. Тој ја замолил за идејно
решение за „Aqua“ и и ја објаснил својата идеја за изградба на облакодер со височина од 273 метри во
Чикаго.

 

Како страствен љубител на природата, архитектката
Jeanne Gang при дизајнирањето на „Аqua“, обрнала
посебно внимание на тоа како птиците го гледаат,
односно не го гледаат стаклото. За да им помогне да не
се удираат во проѕирната површина во која се огледува
небото, предвидела структурна фасада со неправилни
прозорски растери. „Птиците ги забележуваат
нерегуларностите и ги одбегнуваат“, објаснува таа.

 

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/arhitektura/131_statija1.jpgGang го прифатила предизвикот и станала
првата жена која проектирала еден од десетте
највисоки објекти во светот.
Облакодерите традиционално се гледаат како
машко подрачје, така што претставува изненадување
да се најде жена во ова поле (Zaha Hadid во
моментов работи на облакодери во 5 града, но ниту
еден не е завршен). Jeanne Gang вели:
„Отсекогаш сум сакала да градам. Бев
охрабрувана од моите родители да ги поправам
работите како дете. Но, не можам да го опишам кое е задоволството да се дизајнира облакодер“,
кажува таа.
Нејзиниот прв облакодер „Aqua“
претставува структура од бетонски форми,
која многу се разликува од другите згради во
соседството. Кога се гледа од страна, изгледа
како карпа покрај езерото Мичиген. Ова
обележје на Чикаго е современа
интерпретација на Modernisme catalàа на
Гауди, и потсетува на замрзнато движење на
балерина која се врти. Од своите танцувачки
балкони, кулата нуди прекрасен поглед кон
другите облакодери, од неодамна
комплетираниот Милениум Парк.
Зад брановидните балкони, овој 82-катен
резиденцијален и хотелски облакодер е
современа зграда со пливачки базени, зелени
покриви, библиотека и сала за билијард.
Фасадата е од стакло со исфрлени балкони
кои се менуваат од кат до кат, давајќи и на
зградата брановиден изглед. Најголемата широчина на балконите е 3,7 метри
оддалеченост од фасадата. Зградата има 5.100
м2 простор за издавање и деловен простор, 210
хотелски соби (од 1 до 18 кат), 476
резиденцијални единици (од 19 до 52 кат) и 263
станови, како и Penthouses (од 53 до 80 кат). За
изградбата на објектот што беше завршен во
декември 2009 година, се потрошени 300
милиони долари.
Иако беше отворена за време на
најголемата рецесија што ја има зафатено
Америка, од 740-те станови речиси сите се
продадени.

Испрати коментар

Scroll To Top