Насловна / Вести / Ензим кој ја подготвува ПЕТ амбалажата за рециклирање за само неколку часа

Ензим кој ја подготвува ПЕТ амбалажата за рециклирање за само неколку часа

Пластичните шишиња ширум светот претставуваат голем проблем кога станува збор за пластичниот отпад. Поголем дел е невозможно да се рециклира, а добар дел и недобива прилика за тоа па завршува во океаните и морињата. Но, научниците создале мутиран бактериски ензим кој за само неколку часови може „да ги разложи“ пластичните шишиња. Истражувањето започнало со анализа на 100.000 микроорганизми како „потенцијални кандидати“. Научниците вклучиле мутација во соодветен ензим со цел да ја зголемат неговата способност за разградување на ПЕТ пластиката. Исто така, тие го направиле ензимот стабилен на температура од  72° C, која е блиску до идеалната температура за брзо раградување. Тимот користел оптимизиран ензим  за да раложи еден тон пластичен отпад, поточно да го разгради за 90% во рок од 10 часа.  Во понатамошната лабораториска работа, овој ензим послужил за разградување на шишињата до соединенија кои можат повторно да се употребат за изработка на нова пластична амбалажа. Компанијата Carbios е првата која на пазарот излегла со оваа технологија и планира во следните 5 години да се занимава со рециклирање како составен дел од производната технологија. Во партнерство со компаиите „Пепси„ и „Лореал“ планираат да го забрзаат развојот и проширувањето на оваа иницијатива.

carbios1

carbios3

Испрати коментар

Scroll To Top