Проектантското биро „Комбинат“ од Љубљана, доби задача стан во зграда од почетокот на дваесеттиот век, со високи тавани и пространи соби, да биде преуреден во дом за еден млад брачен пар кој сака модерен, светол и удобен стан.
Решението за адаптација на стариот стан од 96 квадратни метри, за почеток, значело да срушат два преградни ѕидови со што станот не само што станал попростран, туку добил и нови функции и комуникација. Добиена е голема дневна соба со кујна и голема трпезариска маса, која одлично може да послужи за забава.
Иако се менувани доста работи, со процесот на реновирање задржани се препорачаните ориентации на просториите во станот: дневната соба е свртена кон бучната улица, а спалната соба е позиционирана кон тивкото двориште.
Карактерот на станот, а и на сопствениците, изразен е веднаш во пространиот влезен ходник со велосипедите што висат на ѕидовите. Тие не се само основно средство за превоз на сопствениците на станот туку го одразуваат и нивниот урбан дух.
Мирниот дел на станот е одвоен од остатокот со т.н. walk-in плакар.
Со спалната соба доминира сино кадифената боја со интересни детали.
Самостоечката када, ретро белите плочки и дрвениот мебел се фокусна точка на реновираното купатило.