Со користење на неутрални и земјени тонови, дизајнерката Katie Domracheva создава современ простор за живеење во Москва. Дрвото се појавува како елемент на ѕидот и плафонот, а на него се надоврзува зеленилото поставено вертикално на самиот ѕид. Просторот е разигран со употреба на геометризирани шари на плочките и бело бојадисана тула на ѕидот.