Насловна / Вести / Ентериер во грчко одмаралиште како „дрвена пештера“

Ентериер во грчко одмаралиште како „дрвена пештера“

Грчкото архитеконско биро Tenon Architectur креирала дрвен ентериер кој личи на пештера за планинското одморалиште Hyades Mountain Resort во Trikala Korinthias, Грција.

4

Наречен „дрвена пештера“, внатрешниот простор од 55 метри квадратни се одликува со заоблени рабови и мазни површини.

Проектантите, архитектите  Apostolos Mitropoulos и Thanos Zervos, ко-основачи на Tenon Architectur, проектот го изработиле како дел од процесот на реновирање на одмаралиштето.

1

Архитектите го поделиле просторот на две главни зони: главна просторија, која е составена од непрекината, закривена дрвена структура и споредните простори, кои се ориентирани кон погледот и покриени со темен камен.

2

„Оваа поделба има намера да создаде јасна разлика помеѓу тврдата,„ заштитна“ школка и „заоблената“, ентериерот потсетува на форма на пештера, која се користи како засолниште низ целото човеково постоење“, велат  Tenon Architectur.

„Собата во внатрешната зона вклучува две простории за спиење интегрирани во закривената структура, како и отворена кујна. Надворешната зона вклучува две споредни простории: седење со камин и бања”.

9 7

Материјалноста е од најголемо значење во просторниот израз на овој проект, при што повеќето од елементите се дрвени, а надворешните простори изработени од камен добиен од локалното подрачје.

12

Заоблената структура е изработена од смрека, а останатите елементи (кујната, ормарите, подот) се од бор. Сите дрвени конструкции изведени се одвоени од  бетонската школка, што овозможува проток на воздух позади дрвото.

Циркулацијата на воздухот помеѓу дрвените елементи и бетонот има за цел да ја заштити структурата и пасивно да ја регулира влажноста и температурата на воздухот во просторијата, користејќи ги природните амортизери на дрвото.

11

„Дизајнот, со своите криви и овални површини и изборот на дрво како основен градежен материјал, придонесе за создавање на пријатно и топло опкружување, кое го задржува чувството на природно засолниште“, додаваат од бирото.

5

„Истовремено, формата на конструкцијата ја провоцира имагинацијата на посетителот и му овозможува да истражува со сите свои сетила“.

Изградбата на проектот ја извршил тимот на Tenon Architectur на лице место. Закривената  структура се состои од 1.112 различни заоблени дрвени парчиња. Цртежите за секој дел направени се алгоритамски и пренесени на лице место, каде што парчињата се рачно обработени и претворени во 55 поголеми модули. Потоа, секој од модулите е рачно клесан и обликуван пред конечната монтажа на конструкцијата. Непостоењето на  какви било дигитални методи на изработката, резултирало со поскулптурален пристап на конечната форма.

9

Овој вид високо прилагодена скулптурална постапка, исто така значи дека не биле ангажирани столари, работници или други техничари, туку секој дел на градбата го конструирале двата члена на тимот од бирото.

6

И на крај, еден од најпредизвикувачките делови на оваа работа бил преводот на алгоритамските цртежи во практични упатства за рачна обработка и изработка на дрвото на лице место. Па така конечниот производ е единствена комбинација на алгоритамска логика и практична изработка.

10 14 15 16 17

Испрати коментар

Scroll To Top