Бетонот како материјал најчесто има груби рабови. Кога станува збор за бетонот, на памет ни паѓаат бетонските фасади на зградите, бетонските рабови на улиците и слично. Но, во поново време се повеќе и повеќе почнува натур бетонот да се употребува и во енериерите, најчесто во оние кои се дизајнирани во индустриски дизајн.
Ова е апартман во кој бетонот нема носива улуга, туку, тука е поставен за да создаде шик, градски и изглед на недовршеност на површините.
Овој стан се простира на 86,7 м2 и можеби не е најмалиот стан кој сме го погледнале, но сепак е еден од становите чиј простор е перфектно искористен.
Неутралните материјали, вклучувајќи ги и натур бетонот, гранитот, дрвото и слично, даваат доста топол и природен амбиент.
Ентериерот е опремен со низок и едноставен мебел, што му дава дополнителна функционалност на просторот.