Оваа куќа во Париз, доживеа целосна трансформација со полиците за книги, кои се протегаат на две нивоа.
Проектното биро Andrea Mosca Creative Studio го потпишува внатрешниот дизајн на куќата наречена Bookshelf House. Како што може да се види од фотографиите, ова име не е случајно избрано, бидејќи клиентите се страсни љубители на книгата.
Затоа дизајнираните регали имаат двојна функција, па некои полици служат како огради за скалила, додека други го делат канцеларискиот простор и служат за складирање.
„Целта на овој проект беше да се трансформира оваа темна и трошна куќа во светол и топол дом, кој со новиот распоред ќе добие и канцелариски простор, мезанин и посебна кујна“, објаснува архитектот Андреа Моска за Freshome.
Иновативните полици за книги се централна точка на ентериерот. Тие се направени од еден елемент кој се протега од приземјето па до ниво на мезанин, каде што се претвора во орман кој го крие влезот во спалната соба и канцеларијата.
Полиците се со едноставен дизајн, кои акцентот го ставаат на книги и се направени од иверица од дабово дрво.
Визуелниот трик е направен со големо огледало на спротивниот ѕид, што резултира со чувство дека полиците ги има двојно повеќе. Огледалото ја рефлектира и дневната светлина од прозорецот што е покрај него.
Стаклените врати ја делат кујната од трпезаријата, создавајќи суптилна врска помеѓу овие два простора, кои се сепак физички раздвоени.
Колоритната шема за целиот ентериер е во жолто-сина комбинација која внесува живост и топлина во просторот.