Целиот мебел во овој стан е дизајниран на таков начин што домашните миленичиња нема да се досадуваат.
Проектното биро ST Studio немало лесна задача, кога ја добиле оваа работа. Тие требало тесен двособен стан да го претворат во флексибилен простор кој ќе биде не само по мерка на сопственикот, туку и по мерка на двете домашни мачки.
Благодарение на отстранувањето на бројните полици, направен е простор за складирање на книги и вазни, а мачките добиле платформи по кои можат слободно да се качуваат.
Полиците во дневната соба се дизајнирани така што мачките може да се качуваат речиси до таванот и од таму да ја „контролираат“ ситуацијата, пишува Dezeen.
Позициите на скали и шипките за качување на гардероба не се случајни. Мачките преку скалите може да се качуваат по шипките, а потоа скокаат до полиците со книги.
Просторот без ѕидови преграден е со ТВ полица која ја дели дневната соба од спалната соба.
Станот е исполнет со светлина.
Ретро бањата, со малите бели квадратни плочки и санитарии, потсетува на минати времиња.