Со адаптација и уредување на просторот на Големата сала во некогашниот Дом на Сојузот на набавувачките задруги, на Македонска улица бр.21 во Белград, за потребите на заедницата на иновативните претприемачи Impact Hub, Белград се најде на светската мапа на градови во кои оваа глобална мрежа, со преку 10.000 членови, нуди мноштво на креативни програми и разни настани како место на инспирација, поврзување и зајакнување, место каде се создаваат идеите, се градат и се реализираат.
Палатата на задругата беше добро заштитена и претходно, а сепак, како една од карактеристиките на овој засебен проект е зачувување на автентичните елементи во ентериерот, кон кои авторите од Ured покажаа зрелост и одговорност. Преку еден јасен концепт, овие историски елементи станаа естетски вредности како меморија на минатото низ кои се вметнати современи функции и предмети кои даваат сценска но и сакрална поетика.
Во склад со програмските потреби, направена е просторна прераспределба, па така на долното ниво се формирани четири канцеларии, две сали за состаноци, две кабини за skype-разговори, кујна и тоалети, додека со челична конструкција овозможена е екстензија на обиколните галерии, средишна галерија и скалиштето, за да се добие адекватен работен простор и конференциска сала. Од горното ниво се пристапува на тераса која на лето би служела како отворен простор за дружење и работа.
Основна цел при ентериерното уредување е модерен мебел кој би се разликувал со своите визуелни мотиви од постоечките.
Архитектите дизајнираа и посебна работна маса, која со својата модуларност лесно би се вклопила и би формирала разни формации на групни маси за работа.