Архитектонското студио Plasterlina, инспирирани од пастелните бои и ентериерите од 60-тите години на минатиот век, создаваат модерен ентериер на приватен апартман со локација во Варшава.
Ентериерот се карактеризира со чисти линии и креативни детали. Во слободниот план на дневната просторија се надоврзува тесна кујна со современ дизајн. Над овој простор, поставен е уникатен лустер кој наликува на пајакова мрежа. Палетата на бои се ограничува на пастелни и неутрални бои со додатоци на светложолта и зелена боја од внатрешните растенија. Подот е дрвен, а над него се поставени килими со геометриски шари.
Во рамките на апартманот се наоѓа и мала домашна канцеларија опремена со модерен мебел.
Креветот во спалната просторија е масивен, со вградена библиотека во долното ниво. Ѕидовите се изработени од тула обоена во светли бои, со што прсторијата добива еден пријатен изглед.
Иако бањата има мали димензии, мебелот е паметно распореден со цел просторот да се искористи рационално.