Има толку многу работи кои ни се допаѓаат во овој објект, кој е мешавина од скандинавска традиција, модерен дизајн, мебел од 50-тите и 60-тите години на 20 век, ѕидови од бели тули и уште многу други нешта.
Иако има безброј интересни детали, ентериерот изгледа простран и поголем отколку што е. Ентериерот се простира на два ката и има површина од 105 квадратни метри, а зад неговата реализација стои руското студио Int2.
Најдобрите два детали во ентериерот се направени од дрво, и во еден дел од приземјето го одделуваат трпезарискиот простор од кујната, и во кујната беспрекорно и ненаметливо служат за спремање на секојдневните работи.