Енормна загаденост на воздухот во Скопје, Куманово, Велес и Кичево со опасните ПМ 10 честички беше забележана во текот на вчерашниот ден.
Во Куманово каде беа регистрирани 750 микрограми на метар кубен од опасните честички, загадувањето беше за 15 пати повеќе од дозволеното, а во скопската населба Лисиче синоќа во 21 часот се измерени 603 микрограми на кубен метар, ПМ 10 честички.
Денеска околу пладне канцерогените честички во многу висока концентрација ги има во Скопје, во населбата Лисиче и во Битола.
Високо е нивото во Куманово, како и останатите населби во Скопје, во Тетово и Кичево.
Максимално дозволената граница за загадување со овие честички е 50 микрограми.