Синоќа во Тетово беа измерени енормни 973 микрограми на метар квадратен од канцерогените ПМ10 честички. Со оглед на честите и екстремни зголемувања на количината на овие честички во воздухот во Тетово, граѓаните на овој град сè почесто почнуваат да ги чувствуваат последиците од оваа катастрофална еколошка состојба.
Освен реакциите на неколку тетовски активисти и поединци, граѓаните остануваат немо да го следат овој голем проблем и молчешкум да гледаат како нивното здравје од ден на ден сè повеќе се влошува.
Зачудувачка е и инситуционалната глувост за овој проблем. Додека гледаме како во Кина илјадници фабрики времено се затворени, за да се намали загадувањето на воздухот, надлежните во Тетово и во целата држава не преземаат никакви активности за надминување на овој проблем.
Дали граѓанската иницијатива за организација на протести ќе треба да се зголеми, и конечно да стане видливо негодувањето на тетовчани, би можело да помогне во будење на надлежните, или пак и натаму ќе останеме неми гледачи на оваа состојба?