Како алтернатива за досега користеното ладилно средство R 1234ze, кое со оглед на запаливоста и токсичноста се вбројува во класата A2L (лесно запаливо), се појави ново ладилно средство R 515B, кое се вбројува во класата A1 (незапаливо), и има исклучително ниски вредности на потенцијалот за глобално затоплување (GWP).
Со новиот ладилен медиум претставена е и новата серија на разладни уреди Quantum, на германскиот производител Engie Refrigeration (дел од француската енергетска групација Engie). Новиот медиум има GWP = 293, не е отровен и не е запалив, а Engie е прв од големите светски производители кој го применува во сериски произведена разладна опрема. По својата основна намена, ист е како R 1234ze (кој се вбројува во хидрофлуороолефини), а тоа е замена за досега највеќе корситеното ладилно средство R 134a.
Всушност се работи за азеотропна смеса од 91% R 1234ze и 9% R 227ea (хептафлуоропропан). Благодарение на фактот дека ова средство е незапаливо, во просторијата каде што се наоѓа разладниот уред или топлинската пумпа, не се потребни никакви дополнителни мерки на заштита. Уредите од серијата Quantum имаат изведби со воздушно и водено ладење, и сплит изведба (со турбокомпресор и разладен учинок од 300 kW) со медиумот R 515B, и тие од февруари веќе се на пазарот. Нивната енергетска ефикасност е еднаква со онаа на уредите кои користат R 1234ze како ладилен медиум.