Кон крајот на 70-тите години од дваесеттиот век се развивале и истражувале идеи на концептот на еколошки куќи во тогашна Југославија. Еден од пионерите во оваа област е академик Вељко Милковиќ од Нови Сад, идејниот творец на овој концепт на градба и автор на патент за самозагревачка еколошка куќа. Според неговите проекти досега се изградени неколку вакви куќи во Нови Сад, Зајечар, Сомбор и Љиг.
Со цел подигање на еколошката свест и промоција на употребата на обновливите извори на енергија, Истражувачко-развојниот центар „Вељко Милковиќ“ и Агенцијата за енергетика на градот Нови Сад, го покренаа проектот „Самозагревачка еко куќа – За нашиот еколошки свет на иднината“. Соработката на остварувањето на оваа идеја започнала во мај 2012-та. Предмет на проектот е изградба на јавен и промотивен еко центар- Energy House, кој воедно би бил и седиште на Агенцијата. Но, иако овој проект претставува најуспешен пример во Србија за енергетска ефикасност, за жал, на неговата реализација сè уште се чека.