Насловна / Вести / Енергија за ЕУ од туниските пустини

Енергија за ЕУ од туниските пустини

TuNur_Phase-1-3_2017_v2

Водечката британска компанија од областа на обновливите извори на енергија “TuNur”  објави дека поднела барање до Министерството за енергија, рударство и обновливи извори на Тунис, за реализација на голем проект за изградба на соларна централа во оваа земја.

Револуционерниот проект ќе биде изграден во подрачјето на Maatoug, а дел од произведената електрична енергија ќе се извезува во Малта, Франција и Италија, преку три независни поморски кабли. Понатаму, енергијата ќе може да биде дистрибуирана каде е потребно низ целиот континент.

TUNUR-logo

Според прелиминарните студии, инсталираниот капацитет на централата со соларна термална технологија,  се проценува на околу 4500MW, додека вредноста на инвестицијата на околу 1,6 милијарди долари. Централата треба да биде завршена и оперативна во 2020 година.

Проектот „TuNur“ е активиран како продолжение на германската Desertec иницијатива, чија цел беше да се произведува електрична енергија од соларни централи во Северна Африка и тоа во количини доволни за снабдување на дури 15% од популацијата во Европа до 2050 година. Проценетата вредност на овој проект беше околу 400 милијарди евра, но проектот е запрен поради економската криза и недостатокот од финансиски средства.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top