Насловна / Вести / Енергија во движење: Патишта кои ги напојуваат електричните возила

Енергија во движење: Патишта кои ги напојуваат електричните возила

Историјата на електричните возила датира далеку во 1832 година, кога Роберт Андерсон го претставил првиот модел кој бил многу популарен се до порјавата на моделот T во 1908 година. Сепак, дури во деведесетите години на минатиот век, електричните возила доживеале препород  како симбол на еколошката свест. Сега, после долгогодишни истражувања, овие возила но и патишта кои ги полнат во текот на возењето, би можеле да донесат значајни промени во сообраќајот зависен од автомобили.

Патиштата опремени со технологија за полнење на возилата во движење користат технологија слична на Bluetooth, каде каблите не се потребни, а струјата се пренесува преку посебни приемници монтирани на возилата. Оваа технологија штеди време и веќе се применува во Израел, Шведска и Германија, благодарение на компанијата Electreon. Станува збор за компанија од САД, која овој концепт за прв пат го применува во ноември 2023 во Детроит, иако проектот е најавен уште во 2021 година.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top