Комплексот Finolhu Villas на Малдивите претставува првото престојувалиште во светот со пет ѕвезди кое што е целосно енергетски независно, односно електирчната енергија се добива од соларна енергија. Дизајнер на прекрасните вили е Yuji Yamazaki, чија што првична цел била токму тоа да овој објект има што помало влијание врз чистата околина која што го опкружува. Соларните панели кои што го овозможуваат ова истовремено се користат како дизајн алатка и истите произведуваат околу еден мегават електрична енергија дневно. Во рамките на објектите се наоѓаат резервоар за вода за сопствено снабдување со вода и ефикасен систем за справување со отпадот. Инкорпорацијата на одржливите аспекти како дизајн алатки допринесува за луксузноста на самите вили.