Насловна / Вести / Енергетските капацитети во регионот со смени во времетраење од 14 дена

Енергетските капацитети во регионот со смени во времетраење од 14 дена

Со цел одржување на непречено производство и снабдување со електрична енергија, и со цел заштиита првенствено на клучниот персонал, електростопанските претпријатија во регионот се одлучија на драстични распореди во работното време. Имено, електростопанството на БиХ (Elektroprivreda Bosne i Hercegovine – EPBIH),  вработените оператори ги поделила во две групи – една која ќе работи и спие во електраната непрекинато 14 дена, и друга која за тоа време ќе биде во изолација дома. Пред да се направи замената неопходнен лекарски преглед. На ваков начин работат 167 работници директни извршители во производниот процес. Сите останати се упатени на работа од дома. Сличен модел има применето и словенечкиот оператор на електроенергетскиот систем  ELES  кој го има изолирано својот клучен персонал во националниот контролен центар.

epbih1

epbih2

elesnovo

Испрати коментар

Scroll To Top