Пред почетокот на војната во 2011 година, Сирија беше во целост електрифицирана земја со 95% домаќинства поврзани на електричната мрежа. Некогаш земјата беше енергетски центар, со мрежа од 15 електрични централи вклучувајќи ја термоцентралата Алепо и три хидроакумулации. Но, по шест години војна, таа слика потполно е сменета бидејќи производствените капацитети и преносната мрежа и случајно, но и тактички се систематски уништувани. Вкупната штета која е причинета на електроенергетскиот систем се проценува на 5 милијарди долари.
За задоволување на основнити потреби од енергија во делови од земјата се користат скапи дизел генератори, а најакутна и најкритична е состојбата со снабдувањето на електрична енергија за болниците.
Затоа, хуманитарната организација „Унија за здравствена грижа“ (UOSSM) кон краот на 2016 година, започна проект за поставување на фотоволтаици на покривите на болниците. се работи за хибриден систем со 480 панели, батерии и дизел генератор. На овој начин ќе се овозможи автономност на овие објекти од мрежата, при што ќе може да се покријат 30-40% од потребите за енергија.