Владата се премисли во врска со енергетските пасоши кои ги воведе од 1 јануари годинава. Подготви нови измени на Законот за енергетика со кои предлага енергетска контрола и издавање на енергетски пасош да важи само за нови објекти од сите категории, а за постојните објекти да важи од влезот на Македонија во Европската Унија и тоа при продажба и давање под закуп.
Владата ова го договорила на почетокот на месецов кога одлучила и да ја продолжи важноста на сертификатот за енергетска контрола за државните и за сите правни субјекти. Наместо на три години, тие ќе се обновуваат на 10 години.
Овие измени на Законот за енергетика, Собранието треба да ги донесе по скратена постапка.