Насловна / Вести / „Енергетски пасош“ е задолжителен за секој нов автомобил во Србија

„Енергетски пасош“ е задолжителен за секој нов автомобил во Србија

Од 24-ти декември минатата година, секој нов автомобил кој се купува во Србија мора да има „енергетски пасош“, бидејќи тој ден на сила стапи Правилникот за податоци за економичност во построшувачката на гориво и емисии на CO2 на новите патнички возила. Со ова се истакнува важноста на прашањата од областа ан заштитата на животната средина, особено бучавата и загадувањето на воздухот, кои се сериозни последици од сообраќајот и влијаат врз јавното здравје.

Cars,In,A,Row.,Used,Car,Sales

Агенцијата за безбедност во сообраќајот на Република Србија ја препознала оваа тема како едно од важните прашања за иднината, и истата е вклучена во работата на преговарачкиот тим за Поглавјето 27 во процесот на преговори со Европската унија. Ова поглавје се однесува на животната средина и климатските промени. Во март 2021 година, Србија го усвои Законот за климатски промени, а овој Правилник произлегува од ова законско решение.

B

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top