Во Каутокеин, град северно од Арктичкиот круг во Норвешка, температурите во зима достигнуваат и до -45°C. Во вака сурови климатски услови, архитектонското студио Snøhetta го употребува своето богато искуство за да проектира нов културно – образовен центар наречен Čoarvemátta. Објектот е конструиран претежно од дрвои го карактеризира способноста самостојно да ја одржува внатрешната температура, што го прави дури 90% енергетски самоодржлив.
Čoarvemátta е име кое потекнува од самскиот јазик, означувајќи најцврст дел од роговите на ирвасите. Дизајнот на зградата ја рефлектира самската култура, пружајќи простор за национален театар и средно училиште, како и школа за одгледување на ирваси. Со површина од 7.200 квадратни метри, зградата се истакнува со кос покрив кој се протега на 4.930 квадратни метри.
Čoarvemátta ги задоволува стандардите на пасивна куќа. Користи геотермална енергија со околу 40 геотермални бушотини длабоки 250 метри од кои се снабдуваат две топлински пумпи. Во согласност со самската традиција, пејсажот околу училиштете не е уредуван, туку останал во природна состојба. Во текот на изградбата, земјата која морало да биде отстранета, внимателно е сочувана и вратена со цел да се зачува локалниот растителен свет. Иако Čoarvemátta главно е изградена од дрво, сепак користен е и бетон, особено за подните површини.