Насловна / Вести / Енергетски независна расклоплива куќа

Енергетски независна расклоплива куќа

kukja na sklopuvanje1

Студентите по архитектура од престижните универзитети во светот, често се истакнуваат со интересни и иновативни концепти. Еден од последните такви примери, креиран од студентите од Универзитетот во Калифорнија (Caltech), предизвика сериозно внимание. Се работи за куќата Dale (Dynamic Augmented Living Environment или во превод Динамички зголемена животна околина).

Kukja na sklopuvanje
Концептот е инспириран од јужно-калифорниското време и природното опкружување и има модуларен облик. Куќата се состои од две подвижни целини со вкупна површина од околу 56 квадратни метри. Кога тие целини ќе се отворат и одвојат една од друга, вкупната површина на куќата изнесува неверојатни 167 квадратни метри. Сопственикот на куќата може на овој начин да ги користи топлите денови во текот на годината.

kukja na sklopuvanje2
Освен неверојатната модуларност на просторот, оваа куќа спаѓа во категоријата “Net-Zero Energy” (куќи со нула енергија). Тоа значи дека на годишно ниво куќата сама ја произведува целата потребна енергија која треба да ја потроши. Фотоволтаиците на покривот се поставени под агол од 15 степени, со цел максимално да се искористи сончевата енергија. Фотоволтаиците се поставени на подвижни носачи, со што можат да послужат и како заштита од сонцето кога куќата е раздвоена.

kukja na sklopuvanje3
Со помош на iOS апликација за iPad се котролираат функциите во куќата, односно потрошувачката на енергија. На пример, доколку надвор е топло и сончево, апликацијата ќе предложи куќата да се отвори за да се овозможи ладење по пат на природна вентилација.

https://vimeo.com/73260138

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top