Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Енергетски независна куќа во Кавадарци

Енергетски независна куќа во Кавадарци

2image-6ce02e7d32efbb5840c929e20e75fa623053a417caf0c6e2b4fa74c4d78655b7-v1
За целиот семеен дом на кавадаречкото семејство Сапунџиеви, струја се обезбедува од сончевите зраци. Тие се, најверојатно, први во Тиквешијата, а меѓу првите и во Македонија што поставија и пуштија во работа фотоволтаици со капацитет од 6 kW за производство на електрична енергија.  Сега сите нивни електрични апарати во домот работат на соларна енергија.

„Системот обезбедува голема автономија и во ноќниот период благодарение на енергијата што се добива преку денот, и се акумулира во специјалниот батериски систем“, објаснува Љупче Сапунџиев.

Оваа мала фотоволтаична централа е поставена на алуминиумска конструкција на покривот од станбениот објект на улицата Kиро Kрстев во Kавадарци. Целокупната опрема е од светски познати компании во соларниот бизнис, а нејзин изведувач е компанијата „Инел техник“ од Kавадарци, која е во суштина семејната компанија на Сапунџиеви.

Испрати коментар

Scroll To Top