Насловна / Вести / Енергетски независна куќа на вода

Енергетски независна куќа на вода

Kukja na voda 1
Животот на вода на многумина не им изгледа примамливо. Но, можеби ќе го сменат мислењето кога ќе го погледнат концептот на мали енергетски независни куќи кои лебдат на површината на водата и кои се направени од рециклирани материјали.

Kukja na voda
Според проект на италијанскиот архитект Џанкарло Зема, компанијата “EcoFloLife” ја разви енергетски независната куќа “WaterNest 100” (или во превод „Водено гнездо“).

kukja na voda2
Рециклираните материјали за изградба на куќата се користени на тој начин што овозможуваат повторно рециклирање на крајот од животниот век на куќата. Куќата има површина од 93 метри квадратни, пречник од околу 12 метри и височина од 4 метри. Направена е од ламинирано рециклирано дрво, а делот што е во вода е од рециклиран алуминиум. Покривот е прекриен со фотоволтаични модули чија вкупна површина е 60 метри квадратни, со моќност од 4 kW.

kukja na voda3
Објектот е направен така што овозможува природна циркулација на воздухот, при што се намалува потребната енергија за ладење. Иако првобитно е замислена како резиденцијален објект, оваа куќа може лесно да се претвори во деловен простор. Може да се постави на која било мирна водена површина.

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top