Насловна / Вести / Енергетски независен остров во Германија

Енергетски независен остров во Германија

Германскиот остров Боркум во Северното Море претставува центар на истражување поврзано со максимално искористување на обновливите извори на енергија и негово складирање, а планот е да стане целосно самоодржлив до 2020 година. Проектот NETfficient е почнат во 2015 година, а оваа година за прв пат е пуштена струја во мрежата.

Во моментов, половина од производството на електрична енергија доаѓа од обновливи извори, од кои 70 отсто се од ветер, а остатокот е од сонцето. Olaf Look, еден од клучните луѓе задолжен за овој проект, нагласува дека Боркум не само што треба да стане целосно енергетски независен, туку има план за отстранување на потребата за електрична енергија произведена од фосилни горива.

Проектот NETfficient е вреден 11,4 милиони евра, од кои дел се финансира од буџетската програма на EU Horizon. Во него се вклучени 13 партнери од седум европски земји, вклучувајќи ги и истражувачките институции, претприемничките компании и градските власти.

borkum3_resize

На островот моментално има две ветерни електрани од 1,8 мегавати, а инсталирани се 7.750 соларни панели со моќност од 1,4 мегавати. Електричната енергија произведена од фарма на ветер и соларен парк влегува во паметна дистрибутивна мрежа која е опремена со иновативни технологии за складирање.

Креирање на нови технологии за складирање на електрична енергија е исто така една од главните цели на островот. Меѓу нив се и замена на батериите од електрични возила, супер кондензатори, литиум-јонски батерии итн. Така, 40 станбени единици и пет јавни објекти (вклучувајќи го аквариумот во градот) сега се опремени со единици за производство на соларна енергија и технологија за складирање.

Оваа опрема е во облик на батерија со големина на фрижидер и речиси не се слуша додека работи. Соларната енергија произведена од овие батерии во текот на денот се користи преку ноќ. Интересно е на овој начин граѓаните да бидат вклучени во целиот процес, а не само како потрошувачи, туку и како производители на енергија – за нивна корист, бидејќи нивните сметки за електрична енергија ќе бидат значително пониски.

borkum_resize

NETfficient има дополнителен план со кој до 2030 година Боркум станува остров без емисии на CO2. Првиот чекор кон овој пат веќе е направен со конвертирање на еден јавен островски брод од дизел до течен ЛНГ природен гас. Исто така, градот во моментов работи со целосен електричен автобус.

Властите на Боркум не планираат да застанат тука и имаат намера да продолжат да работат за да го направат овој остров сосема еколошки во иднина.

borkum1_resize

Испрати коментар

Scroll To Top