Насловна / Вести / Енергетски интензивните компании во Словенија, ќе вложат 450 милиони евра за декарбонизација

Енергетски интензивните компании во Словенија, ќе вложат 450 милиони евра за декарбонизација

Словенечката економија ја поддржува енергетската транзиција и за неа забрзано се подготвува, но потребна и е помош од државата, покажала студијата која е изработена на барање на Минситерството за стопанство, туризам и спорт. Студијата ги анализира потенцијалите на словенечката индустрија, со нагласок на енергетски интензивната индустрија, за декарбонизацијата и зелената транзиција. Vesna Nahtigal, генерален директор на Gospodarska zbornica Slovenije (GZS), при презентирањето на студијата рекла дека Словенија има уште доста неискористен потенцијал во областа на производството на електрична енергија, и дека на енергетски интензивната индустрија мора да и се обезбеди поддршка за трансформација. Секако, освен поддршката мора да се работи на намалување на потрошувачката на енергија преку енергетска ефикасност, развој на циркуларната економија, примена на нови технологии и сл. Клучните препреки на тој пат с елоцираат во фактот дека јавното мислење сеуште не го препознава отпадот како ресурс, потоа нејасната законска регулатива, како и долготрајните процедури за имплементирање на новите технологии. Секако, клучно е инвестирањето и во енергетската инфраструктура, и тоа како во нови електрани така и во мрежата.

slovenija1

Стратешкиот совет на GZS за енергетска транзиција, ги усвоил следните три заклучоци:

  1. Индустријата има планови, визија и проекти за премин на работа со нето нулта емисија на јаглерод. До 2030 година, 20 енергетски интензивни компании ќе инвестираат над 450 милиони евра во декарбонизација.
  2. Стопанството сака активен дијалог со донесувачите на одлуки и поддршка на владата за спроведување на активности во правец на зелена транзиција, па Стратешкиот совет ги поттикнува сите заинтересирани страни да учествуваат во подигање на свеста кај јавноста за итно потребните вложувања во енергетска инфраструктура и националните извори на енергија, кои ќе обезбедат енергетска независност.
  3. Тесните грла во декарбонизацијата се главно финансирањето, заштитата на животната средина и добивањето дозволи, нејасното законодавство, недостатокот на кадри и знаење.

slovenija2

Испрати коментар

Scroll To Top