Локалната самоуправа во соработка со Хабитат планира да ги реконструира фасадите на пет објекти во Куманово. Предност им се дава на зградите во централното градско подрачје.
Преку овој проект веќе е реализирана нова фасада на една зграда која е лоцирана на градскиот плоштад. Се работи за одржлива инвестиција која е исплатлива на краток рок, со оглед на фактот дека како резултат на подобрените термоизолациони својства на фасадата и новите прозорци, трошоците на објектот за греење и ладење значително се намалуваат.
Од друга страна пак, објектите довиваат нов модерен лик, но тоа има втопростепено значење. На прво место се енергетските заштеди.