Во рамките на обемниот проект за енергетски ефикасна реконструкција на зградите од јавниот сектор во Хрватска, реконструкцијата на болницата односно клиничкиот центар во Сплит е секако еден од најзначајните операции. Болницата е изградена во 1965 година на вкупна површина од 37.000 m2. Во реконструкцијата се вложени 78 милиони куни, што е еднакво на околу 10 милиони евра, а учествувале 30 компании со вкупно 350 работници.
Притоа, особено е важно да се истакне дека болницата непречено работела за целото време на реконструкцијата. Реконструкцијата за подобрување на енергетската ефикасност е спроведена според ЕСКО моделот (65% приватен капитал и 35% средства од буџетот). Заради исполнување на високи стандарди во областа на противпожарната заштита, како изолациски материјал е користена исклучиво камена волна.
Реконструирани се вкупно 18.000 m2 фасада, 7.700 m2 рамен покрив, 8.300 m2 надворешни прозорци и врати, 10.700 светилки, котелската постројка, 8 топлински потстаници и цевните мрежи греење и водовод.
Пресметките покажале дека оваа инвестиција ќе се исплати преку остварените заштеди во потрошувачката на енергија во наредните 14 години. Имено, пред реконструкцијата, годишните трошоци за енергија изнесувале 1,44 милиони евра, додека по реконструкцијата изнесуваат о,6 милиони евра, преку следните мерки:
- 56% помала потрошувачка на енергенти, од кои 14 % добиени од обновливи извори
- 58% пониска емисија на CO2
- 74% пониска потрошувачка на вода
Болницата е сега во целосно нов сјај, што може да се погледне и на видеото.