Областа околу една позната метро станица во Токио,“Shibuya„ долгогодишен центар на младите и модните случувања, добива ново „футуристичко лице“.
Симболот на обновата на метро станицата е во облик на „шишусен“ или подземен вселенски брод.
Творец на проектот е светски познатиот архитект Андо Тадао, кој употребил разни еколошки и енергетски ефикасни иновации. Еден од таквите примери е и вентилациониот систем кој користи природно струење на воздухот.
Отворениот простор во центрот на „вселенски брод“ му овозможува на топлиот отпаден воздух да се издигне и излезе од атриумот, додека од надворешноста влегува свеж воздух. Постои и одличен систем за ладење преку циркулација на ладна вода. Со ваков систем за вентилација и климатизација ќе се намалат емисиите на јаглерод диоксид за околу 1000 тони во споредба со класичните решенија кај метро станиците.