Авангардниот архитект со српско потекло Маргот Красојевиќ, неодамна го претстави својот дизајн за самоодржлива јахта. Оваа јахта има можност да се трансформира така што може да се користи за крстарења или трки, а се движи со помош на моторизиран јарбол. Едрото е направено од синтетички влакна кои се проткаени со соларни ќелии, кои произведуваат енергија со помош на сонцето. Освен тоа, јахтата поседува и хидроглисери кои го намалуваат отпорот на водата за околу 80%. Во план е изградбата на оваа јахта да почне во април 2015-та, а проектот чини 15 милиони долари.