Турското архитектонско биро AVCI Architects беше задолжено да ја редизајнира структурата на административен објект во Истанбул фокусирајќи се на фасадното обликување. Самата фасада е изработена од различни материјали, кои ќе придонесат за повисоките стандарди на самиот објект и ќе го сместат во категоријата на енергетско ефикасни објекти. Таа е изработена од парчиња материјали во квадратна форма, што го издвојуваат објектот од останатите во Истанбул и истовремено штедат енергија. Во ентериерот наместо класичното осветлување, поставени се лед сијалици и овозможено е големо количество на природна светлина.