Ви ја претставуваме интересната куќа Zilvar House дело на студиото ASGK Design. Оваа енергетски ефикасна куќа се наоѓа во едно мало село во источна Чешка и осмислена е како фамилијарна куќа за одмор. Но. сопствениците не сакале типична куќа за одмор, туку куќа која ќе ги поттикнува на престој во природа, и која на некој начин ќе биде соединета со природата.
Во инспирацијата за проектот учествувал и четиригодишниот син на сопственикот, кој фасциниран од стариот даб посакал да биде дел од нивниот дом. Ентериерот е организиран на два ката. На првиот кат од отворениот тлоцртен план се наоѓа кујната со трпезаријата и дневната соба кои се одвоени само со поголеми парчиња мебел.
Спалните се сместени на вториот кат, односно на галеријата до која се стигнува по модерни железни скали. Без непотребни прегради, ентериерот е проектиран така што постојано е во комуникација со сите простории. Големите застаклени површини овозможуваат значителна дневна светлина и директен контакт со екстериерот.
Наткривената тераса може во целост да се затвори и да служи како заштита од јакото сонце (контрола на сончевото зрачење) или од дожд.