Облакодерот со мешовите намена Pinnacle е проектиран од страна на компанијата Kohn Pedersen Fox Associates (KPF). Планиран е за Бостон, Масачусетс, и го карактеризира енергетска ефикасност, но со својата форма ќе придонесе и за намалување на сенката врз околината. Ќе се наоѓа во близина на централното бостонско пристаниште на местото на седумкатната гаража која сега го зафаќа тој простор. Висококатницата ќе достигне височина од 182m. На пониските катови ќе содржи малопродажни објекти, додека на повисоките катови ќе бидат сместени деловни простории и апартмани. Од надворешните тераси ќе се пружа поглед на пристаништето, но и на целиот град.
Закривениот облик на кулата е внимателно проектиран со цел намалување на сенката, додека нејзината стаклена фасада ќе биде обложена со нерефлектирачки премаз со цел да се намали отсјајот. Се планира добивање на LEED Gold сертификат. Во врска со тоа, се планира вградување на фотоволтаични панели, рециклирање на дождовницата и сивата вода, вградување на ефикасни системи з авентилација и водоводни инсталации со мали протоци. Од KPF велат дека се посветени на создавање на „отпорна“ архитектура која го ублажува своето влијание на ресурсите од околината, додека ги штити придобивките на заедницата. Додаваат дека овој проект е пример за холистички пристап во користењето на енергијата и намалувањето на емисиите на стакленички гасови. Сеуште не познато кога ќе биде завршен проектот, додека буџетот изнесува 1,2 милијарди УСД.