Архитектот Mario Cito искористи постоечки објект во областа Palermo во Буенос Аирес за да го создаде првиот хотел во оваа област изграден по системот на ЛЕЕД рејтингот. Енергетски ефикасниот објект е целосно обвиткан со разновидни зелени растенија со што формира вертикална градина. Во склоп на самиот објект се наоѓа ресторан со француски специјалитети, современ мебел, вертикална каскада која претставува еден вид водопад и вкупно 24 соби за сместување на гостите.