Насловна / Вести / Енергетски ефикасен дом кој ја рециклира топлината

Енергетски ефикасен дом кој ја рециклира топлината

Куќата Lane End House која ја има проектирано студиото PAD е изградена од природни градежни материјали со примена на одржливи решенија за да се зголеми енергетската ефикасност на објектот. Благодарение на ваквиот еколошки концепт на градење направен е пасивен дом со минимално влијание на животната средина и со фокус на одржливост.

dom

Архитектурата на објектот е решена со примена на големи тераси кои имаат внимателно поставени отвори кои прават поголем проток на воздух со што куќата природно се вентилира и така се ослободува од топлината во текот на летните месеци.

dom2

 

Во поглед на пејсажот, клиентите сакале куќата да биде свртена кон природата. Од таа причина проектирани се големи прозорци кои дозволуваат екстериерот да биде дел од ентериерот, а предвидена е и функционална градина на приземната тераса во која домаќините ќе може да одгледуваат растенија. Положбата на големите прозорци и овозможува на куќата природно осветлување во текот на целиот ден.

dom1

Изолираното дрво со висок квалитет користено е за креирање на прозорските рамки, и за намалување на потребата од вештачко ладење и греење на домот, обезбедување на еколошки алтернативи на традиционалните градежни материјали.

Покрај тоа, дрвото е направено локално од обновливи извори, а циглите од кои е направен каминот биле рачно изработени од локални занаетчии. На приземјето, бетонот се користел за понатамошно запечатување на зградата и за понатамошно регулирање на внатрешната температура, пренесува Inhabitat.

dom4

Вградениот MVHR систем е дизајниран да рециклира топлина произведена во кујната и бањата, мешајќи ја со чист воздух што кружи низ вентилацијата и природно поладните делови од домот.

Со примена на овој метод на греење и ладење, со употреба на пресметка SAP и проценка на EPS, оваа импресивна езерска куќа е вистински пример за модерна градба и пасивен дом.

dom5

dom3

Испрати коментар

Scroll To Top