Насловна / Вести / Енергетската заедница прави регионален систем за гаранции за потекло на електричната енергија

Енергетската заедница прави регионален систем за гаранции за потекло на електричната енергија

Договорните страни на Енергетската заедница, наскоро би можеле да добијат регионален електронски систем за управување со издавањето, преносот и поништувањето на гаранциите за потекло (GO), во согласност со прописите и начелата на Европската унија. Секретаријатот на оваа организација објави дека е започнат проект за лансирање на таа алатка за Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Македонија, Молдавија, Црна Гора и Украина.

GO1

„Гаранциите за потеклото може да бидат пресвртна точка која ќе ги забрза новите инвестиции во обновливи извори на енергија. Освен тоа, тие ќе им обезбедат на договорните страни добар старт во имплементацијата на Директивата за обновливи извори на енергија, еден од главните елементи на новоусвоениот Пакет за чиста енергија“, изјавил директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Artur Lorkowski. Grexel Ltd, кој работи во склоп на групацијата EEX, е избран да пружи поддршка во имплементацијата на проектот. Гаранциите за потеклото би можеле да станат важна алатка за зголемување на инвестициите во зелена енергија и генератор нa енергетската транзиција. Договорните страни на Енергетската заедница доцнат во исполнувањето на обврските за воспоставување на електронски системи. Главната цел на сертифицирањето на зелената енергија е да овозможи објавување на информации за потеклото на енергијата продадена на крајните потрошувачи.

GO3

 

Испрати коментар

Scroll To Top