Насловна / Вести / Енергетската заедница постави цел за намалување на емисиите за 60,9% до 2030 година

Енергетската заедница постави цел за намалување на емисиите за 60,9% до 2030 година

Министрите за енергетика од земјите на Западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија, одржаа годишен состанок во Виена во својство на највисокото тело на Енергетската заедница. Притоа, тие ги усвоија вкупните цели за 2030 година во доменот на намалување на примарната и финалната потрошувачка на енергија, забрзување на растот во областа на обновливите извори на енергија и намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина, со цел постигнување на климатска неутралност најдоцна до 2050 година. Набрзо треба да бидат објавени и целите за секоја од договорните страни одделно.

ministerial1

Под Украина како претседавач, која во оваа прилика и ја предаде таа должност на Албанија, Министерскиот совет ан Енергетската заедница одлучи да постави цел за уделот на обвновливите извори на енергија во бруто финалната потрошувачка од 31%. Ограничувањата на емисиите на стакленички гасови за 2030 годиниа, с еопределени на 427,64 милиони м,етрички тони, што е 60,9 % помалку во однос на 1990 година.

encommunity2

Повикувајќи се на податоците од последниот годишен извештај, директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Артур Лорковски, изјавил дека договорните страни имаат напредок на тој план. Декарбонизацијата ќе биде неопходна за целосна интеграција на пазарите со ЕУ“, истакнал Лорковски. Советот на министри исто така го изгласал и превземањето на прописот EU 2018/2066 за следење на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина и да известуваат за нив, заедно со релевантните акти поврзани со оваа област. Ова е важно и во контекст на ускладување на условите на дејствување во склоп на идниот Меаханизам за прекугранично прилагдување на јаглеродот (CBAM). Тоа ќе биде систем на наплата на данок на име на емисии од произведената стока која се увезува во ЕУ.

Испрати коментар

Scroll To Top