Насловна / Вести / Енергетската заедница покренува постапка против Македонија, Косово, Србија и БиХ

Енергетската заедница покренува постапка против Македонија, Косово, Србија и БиХ

Големите ложишта на територијата на четири договорни страни на Енергетската заедница од Западен Балкан (Македонија, Косово, Србија и БиХ), во 2018 и во 2019 година ги надминале граничните вредности за загадување на воздухот, па Секретаријатот на Енергетската заедница покрена постапка со цел ускладување со прописите.

Откако минатиот месец објави предупредување, Секретаријатот на Енергетската заедница одлучи на спроведе постапка за решавање на спорови со БиХ, Косово, Македонија и Србија, откако во 2018 и 2019 година овие земји го надминале дозволеното ниво на емисии на загадувачки материи во воздухот. Границите се определени во националните планови за намалување на емисии (NERP), односно инструментите за ускладување со Директивата за големи ложишта. Србија го пробила лимитот за емисиите на сулфур диоксид, а Македонија е над дозволените граници и за сулфур диоксид и за прашина. Косово и БиХ не успеале да се задржат во рамките на дозволените граници ниту по однос на сулфур диоксид, ниту во однос на прашината, ниту пак во однос на азотните оксиди. Решавањето на спорот е прелиминарна фаза во постапката покрената заради спроведување на прописите. Договорните страни имаат два месеци да реагираат на наводите за неусогласеност со законодавството на Енергетската заедница. Во меѓувреме, Секретаријатот може да ги утврди сите факти во врска со случајот. На заинтересираните страни може да им се одобри пристап до документацијата, и тие во текот на прелиминарната процедура можат да ги предадат своите писмени забелешки.

emissions

Големите ложишта се постројки со енергетски капацитет поголем од 50MW. Во случајот на четирите наведени договорни страни, речиси целата загаденост на воздухот во таа категорија потекнува од термоелектраните на лигнит. Енергетскиот сектор е еден од главните фактори одговорен за високите здравствени трошоци и штетата нанесена на животната средина, како и големиот број на предвремени смртни случаи, посочува Енергетската заедница. И претходно е предупредувано на прекршоците во оваа област во регионот.

Треба да се истакне дека директорот на Секретаријатот, Јанез Копач неодамна во своето интервју за агенцијата Beta, истакна дека Европската унија најверојатно во рок од три години ќе го воведе граничниот механизам за прилагодување на јаглеродот (CBAM), што е всушност данок на јаглерод диоксидот. Софиската декларација која западнобалканските земји ја потпишаа во ноември 2020, имплицира целосна декарбонизација до 2050 година.

energy community

plevlja2

 

Испрати коментар

Scroll To Top