Насловна / Вести / Енергетската Заедница покрена спор против Србија поради неусвојување на Планот за емисии

Енергетската Заедница покрена спор против Србија поради неусвојување на Планот за емисии

Секретаријатот на Енергетската Зедница (ЕЗ), и испрати писмо на Србија во врска со нецелосната примена на Директивата за емисија од големи постројки за согорување, која стапи на сила на 1ви јануари 2018 година, а која ги ограничува емисиите на NOx, SO2 и прашина. Имено, во врска со постеочките постројки за согорување со големи ложишта, постојат две алтернативи: почитување на сите гранични емисии кои ги предвидува Директивата и тоа на ниво на поединечна постројка, или примена на Националниот план за намалување на емисии (NERP), кој предвидува збирен лимит за сите постројки. Нацртот на NERP за Србија е одобрен во 2016 година, но и покрај повеќегодишните апели на ЕЗ, до денес не е усвоен. ЕЗ смета дека во недостаток на правно обврзувачки NERP, постоечките постројки во Србија мора да се ускладат со Директивата, на поединечно ниво, што не е случај со 9 од вкупно 16 постројки.

Со испраќањето на писмото, ЕЗ започнува прелиминарна постапка, со која на Србија и се дава шанса во рок од два месеца да одговори на наводите за непчитување на прописите.

LCP1

lcp2

lcp3

Испрати коментар

Scroll To Top