Секретаријатот на Енергетската заедница и ЕБОР (Европска банка за обнова и развој) подготвија смерници кои би требало да им помогнат на договорните страни да воведат ефикасни централизирани механизми за финансирање на мерки за енергетска ефикасност и така да ги зголемат вложувањата во овој сектор. Според неодамна објавениот извштај Energy Transition Tracker, мерките за заштеда на енергија би можеле да донесат дополнителни инвестиции од 2,5 милијарди евра во регионот на Западен Балкан. Според Директивата за енергетска ефикасност, договорните страни мораат да ја зголемат енергетската ефикасност до 20% до 2020 година, додека целите за периодот до 2030 треба наскоро да бидат усвоени. Централизираните финансиски механизми под контрола на јавните институции, можат да одиграат важна улога во постигнувањето на тие заштеди, соопшти Секретаријатот на Енергетската заедница.
Смерниците имаат за цел да помогнат во подготовката и воспоставувањето на такви механизми, така што фи дефинираат моделите на финансирање, видовите на финансиски инструменти, начини на распределба и примена на добро управување. Главните препораки се следните:
– дефинирање на јасни цели на програмата и нивно вклопување во националната стратегија за енергетска ефикасност
– применетиот механизам не смее да содржи недостатоци кои веќе се уочени на пазарот
– постоење на ефикасни и транспарентни модели на управување
– анализа на интеракцијата со други сектори и иницијативи
– обезбедување на техничка помош достапна на сите
– рационално користење на искуството и капацитетите
– едноставност и компатибилност со потребите на пазарот
– доколку е вклучен приватниот сектор, предностите треба максимално да се искористат
– да не се заборави важноста на мерењето и верификацијата