Насловна / Вести / Енергетската заедница го усвои ЕУ Пакетот за чиста енергија

Енергетската заедница го усвои ЕУ Пакетот за чиста енергија

Иако сеуште не се дел од Европската Унија, земјите членки на Енергетската заедница во Југоисточна Европа, потпишаа дека ќе го имплементираат европското енергетско законодавство, со сите трансформациски механизми во насока на декарбонизација. Тоа ќе биде поприличен економски предизвик за земјите членки кои силно зависат од производството од јаглен. Имено, Министерскиот совет на Енергетската заедница, на 30-ти ноември на состанокот одржан во Белград, го усвои пакетот „Чиста енергија за сите Европјани“, под претседателство на Србија. Пакетот го покрива законодавството во подрачјето на енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија, управувањето, пазарите на електрична енергија и правилата за сигурност во снабдувањето, која ќе стапи на сила во следните години.

clean1

clean2

 

Советот исто така ја усвои и Мапата на патот за декарбонизација за договорните страни на Енергетската заедница, политички документ кој го опишува редоследот на усвојување, транспозицијата и имплементацијата на правилата насочени кон декарбонизацијата, со цел договорните страни да застанат на патот кон постигнување на целите до 2030 година, односно до средината на векот. Најважниот дел е маханизмот за трговија со емисиите на јаглерод диоксид кој би требало да стапи на сила во 2025 година.

clean3

 

Испрати коментар

Scroll To Top