Насловна / Вести / Енергетската заедница ги предупреди Македонија, Косово, Србија и БиХ, поради загадувањето од термоцентралите

Енергетската заедница ги предупреди Македонија, Косово, Србија и БиХ, поради загадувањето од термоцентралите

Четири договорни страни на Енергетската заедница од Западен Балкан, соочени се со можноста за покренување постапка заради кршење на обврските за намалување на емисиите на SO2, NOx и PM честички, на нивоа кои се во согласност со европските прописи. Секретаријатот на Енергетската заедница соопшти дека испратил писма со предупредување до Македонија, Косово, Босна и Херцеговина и Србија, и изразува загриженост по повод несоодветната примена на националните планови за намалување на емисиите (NERP). Тие планови овозможуваат усогласување со Директивата на Европската унија за големи ложишта, со која за постројките со инсталиран капацитет поголем од 50MW точно се пропишани максимално дозволените емисии на споменатите полутанти. Во случајот со овие четири договорни страни од Западен Балкан, речиси целокупното загадување на воздухот во наведениот сегмент, потекнува од термоцентралите на јаглен. Секретаријатот ги испраќа овие писма со предупредување пред можното покренување на постапка за официјално решавање на спорот. Прироа се истакнува дека загадувањето на воздухот веќе долго го загрозува регионот. Енергетскиот сектор е еден од главните чинители одговорни за високите здравствени трошоци и штетата нанесена врз животната средина.

westernbalkans1

westernbalkans3

Испрати коментар

Scroll To Top