Насловна / Вести / Енергетската криза и овозможи на Босна и Херцеговина да инкасира 424 милиони евра од извоз на електрична енергија

Енергетската криза и овозможи на Босна и Херцеговина да инкасира 424 милиони евра од извоз на електрична енергија

Вредноста на извозот на електрична енергија на Босна и Херцеговина во 2021 година скокнала за 66,9% во однос на 2020 година, на 424 милиони евра, што е историски гледано најдобар извозен резултат на оваа земја. Рекордната вредност на извозот на електрична енергија од БиХ во значаен дел се должи на растот на цените предизвикан од енергетската криза. Вредноста на извозот во 2020 година во БиХ била околу 255 милиони евра, а во 2019 година околу 295 милиони евра.

epbih1

Компанијата Elektroprivreda BiH е над 90% во државна сопственост и има инсталиран капацитет од 1738MW, од кои над 65% се термоцентрали на јаглен.

epbih2

Испрати коментар

Scroll To Top