Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Енергетската ефикасност на објектите ќе го намали загадувањето на воздухот во Сараево

Енергетската ефикасност на објектите ќе го намали загадувањето на воздухот во Сараево

saraevo zagaduvabje

Со оглед на фактот што многу истражувања го посочуваат Сараево како најзагаден главен град во Европа, неодамна во главниот град на БиХ беше одржана стручна дебата на тема „Поддршка на медиумите за објективно информирање за состојбата со квалитетот на воздухот во Кантонот Сараево“. Притоа, претседателот на научно-стручниот одбор на Центарот за економски, технолошки и околиски развој (CETEOR) Кнежевиќ, истакна дека загадувањето на воздухот во Сараево во 60-тите и 70-тите години било и до 2,5 пати поголемо од денес, иако во тој период имало помалку возила, станови и потрошувачка на енергија. Причината тој ја лоцира во начинот на греење, првенствено со користење на цврсти горива односно јаглен.

saraevo
Се смета дека денешното загадување може да се намали со енергетска санација на зградите, при што нивната потреба од енергија ќе се намали за неколку пати, па за многумина би било попрактично да користат гас за греење наместо јаглен или дрва. Кнежевиќ посочува дека средствата за овој проект би можело да се обезбедат од развиените земји кои финансираат такви проекти, како и од меѓународни организации кои нудат поволни кредити кои би се отплатувале преку оставената заштеда на енергија.

На претставниците на медиумите на оваа дебата поделени им се упатства во врска со квалитетот на воздухот, законските прописи од оваа област и сл.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top