На неодамна одржаните “Денови на енергетиката”(29-31.10.2013) во склоп на Меѓународниот саем за инвестиции во Нови Сад, државниот секретар на Министерството за енергетика на Србија Душан Мракиќ, изјави дека енергетската ефикасност во краток временски период може да стане “нов извор на енергија”. Притоа тој информираше за неколку важни планови на Владата во оваа област, како на пример донесувањето на Закон за енергетска ефикасност и обврската за сите општини со над 20.000 жители да имаат енергетски менаџер.
Извор: Танјуг