Насловна / Вести / Енергетска транзиција во Македонија: Усогласување со целите на ЕУ

Енергетска транзиција во Македонија: Усогласување со целите на ЕУ

brain-switch

Во Скопје се одржи семинарот „Прашања за енергетската транзиција и нејзините последици во Македонија“, организиран од амбасадите на Германија и Франција во Македонија.

Вицепремиерот Пешевски, кој зборуваше на овој настан, истакна дека еден од главните предизвици е да се продолжи со усогласување на секторот енергетика со целите на ЕУ во однос на енергетиката и климатските промени, вклучително и отворањето на енергетскиот пазар по зацртаното сценарио, намалување на емисиите на стакленички гасови, зголемување на енергетската ефикасност, учеството на гасот и обновливите извори на енергија.

Впрочем, тоа се и новите препораки за сите земји на Европската Унија, кои произлегуваат од предлогот за Енергетска унија, рече Пешевски, истакнувајќи дека продолжувањето со процесот на гасификација и зголемена примена на гасот е еден од приоритетите во иднина.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top