Насловна / Вести / „Енергетска сиромаштија во Југоисточна Европа: Преживувајќи го студот“

„Енергетска сиромаштија во Југоисточна Европа: Преживувајќи го студот“

Аналитика со задоволство го претставува извештајот „Енергетска сиромаштија во Југоисточна Европа: Преживувајќи го студот“, чијшто главен автор е Славица Робиќ (ДООР, Хрватска), главен уредник е професорот од Манчестер Универзитетот Стефан Бужаровски, а ко-автор за Македонија е Соња Ристеска од Аналитика Тинк тенк.tabela

  1. Енергетска сиромаштија во Југоисточна Европа: Преживувајќи го студот;

Заклучоци од извештајот:

  • Регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) се соочува со многу проблеми во енергетскиот сектор, како резултат на неговата бурна историја, која резултираше со инфраструктурни штети и стагнација или назадување на националните економии. Најчесто погрешно се претпоставува дека енергетската сиромаштија ги има истите карактеристики во целиот регион, без оглед на културните, климатските и политички услови. Преку пракса и истражување се покажа дека регионалните и историските разлики играат значајна улога во ширењето и карактеристиките на енергетската сиромаштија. Несаканите ефекти на енергетската сиромаштија се особено евидентни во Југоисточна Европа.
  • Енергетска сиромаштија, генерално земено, претставува неможност на домаќинството да обезбеди адекватни количини на енергија во домот – за да си овозможат да животниот простор го држат адекватно топол и добро осветлен, да имаат пристап до различни енергетски услуги и да можат да си дозволат доволни количини на енергија за секојдневните потреби
  • Живеењето во енергетска сиромаштија е докажано дека има негативни ефекти врз здравјето на луѓето, од голема распространетост на белодробни болести до зголемување на бројот на смртни случаи во зима и влошено ментално здравје!
  • Неспособноста на владите да ја адресираат енергетската сиромаштија во Југоисточна Европа ја зголемува заканата од отшумување, бидејќи нелегалната сеча од страна на ранливите потрошувачи се смета како единствена опција за преживување на студените зими!
  • Утврдено е дека корисници на социјална помош се значително повеќе енергетски сиромашни од просекот, и дека еднородителските домаќинства се со поголема веројатност да бидат енергетски сиромашни отколку оние со двајца родители. Пензионерите се почесто енергетски сиромашни отколку вработените лица.
  • Слично како и во другите земји, во Македонија повеќето од домаќинствата се одлучија да го намалат животниот простор во зима од просечните 85 m2 на 70 m2 кои се греат. 40% од градбите немаат изолација и 13% имаат изолација само на ѕидовите и тоа по различни стандарди. Ова комбинирано најповеќе со греење на печки кои користат огревно дрво (47%) или пак електрични греалки (18%) укажува на високо ниво на неефикасност и недомаќинско трошење и губење на топлинската енергија. Просечното посетено домаќинство троши 5,295 kWh електрична енергија споредено со националниот просек од 5,423 kWh.logo

Овој документ е дел од регионалниот проект СЕЕ СЕП.

Цели на овој проект се:

  • Создавање на алтернативна политика за одржлива енергија за ЈИЕ преку креирање на енергетски модели и сценарија со користење на специфични алатки со цел да се дополнат и подобрат веќе постоечките документи;
  • Подигнување на свеста за влијанијата на тековните енергетски политики во споредба со алтернативните, ниско-јаглеродни одржливи политики врз сегашните и идните граѓани преку стратешко застапување и набљудување;
  • Обезбедување на висок квалитет на спроведените истражувања преку навремени консултации со сите чинители – граѓани, експерти и институции со цел да се поттикне дијалогот помеѓу владините институции, граѓанското општество и деловниот сектор.

 

Испрати коментар

Scroll To Top